Ванеса Брајант го нападна раперот Мик Мил, затоа што ја искористил несреќата на Коби за негова песна

Сопругата на Коби Брајант, Ванеса, јавно го нападна познатиот американски рапер Мик Мил, затоа што ја искористил несреќата на Коби Брајант за неговата песна ‘Don’t Worry (RIP Kobe). На Ванеса особено не ѝ се допаднал стихот во кој Мил го споменува поранешниот НБА-кошаркар.

„Драги Мик Мил, покажа исклучителна непочит и нетактичност. Не сум запознаена со твојата музика, но верувам дека можеш подобро од ова. Во ред е тоа што си фан на Коби, но постојат многу подобри начини да ги покажеш своите чувства кон мојот покоен сопруг“, му напишала таа.

Особен револт кај Ванеса и фановите на Коби предизвика стихот ‘If I ever lack, I’m goin’ out with my chopper/It be another Kobe’, кој реферирал на несреќата која одзеде девет животи.

Раперот во своја одбрана тврдел дека сите погрешно ја сфатиле неговата намера и дека во текстот на песната нема ништо проблематично. Тој на крајот ѝ се извини на Ванеса.

 

Scroll to Top