Вејн Руни доби уште еден син

Англискиот фудбалер Вејн Руни и неговата сопруга Колин го добија своето четврто дете.

„Среќна сум што можам да го поздравам нашето синче Кас Мак, кое на свет дојде тешко 3,91 килограм. Тој е прекрасен“, напиша Колин на својот инстаграм-профил и објави фотографија од бебето. Руни, пак, гордо напиша: сега сме комплетен тим за мал фудбал.

Кас Мак има три постари братчиња: Кит (2), Клај (4) и Каи (8).

Фудбалерот и водителката последните месеции имаа брачни проблеми. Откако лани се дозна дека Руни ја изневерил, а потоа и заврши во притвор поради возење во пијана состојба, Колин ја напушти куќата и со себе ги зеде децата. Таа, сепак, јавно му прости за неверството.

Scroll to Top