Вентворт Милер веќе не сака да глуми стрејт мажи

Американскиот глумец Вентворт Милер, кој пред неколку години призна дека е геј, вели дека веќе нема да прифаќа улоги на стрејт мажи. Милер се прослави со улогата на Мајкл Скофилд во хит-серијата „Бегство од затвор“, но сега откри дека веќе никогаш нема да го глуми овој лик.

„Здодеано ми е од стереотипите. Официјално, прекинувам со улогите на хетеросексуални мажи. Нивните приказни се раскажани милион пати. Се откажувам од серијата и од секоја следна улога што ќе ми ја понудат. Јас се збогував со Мајкл, го разбирам разочарувањето и жал ми е, но ништо нема да се смени“, рече Милер.

Глумецот, кој по оваа серија, не направи голема кариера, последно глумеше во сериите „Флеш“ и „Легенди од иднината“. Дел од публиката, сепак, најмногу го памети од спотот на Мараја Кери за песната We Belong Together.

Scroll to Top