Вереникот на Парис Хилтон си го бара прстенот назад

Во јануари оваа година Крис ја запроси Парис со прстен од два милиони долари, со кој таа се пофали на социјалните мрежи. Сепак, како што пренесува „Page Six”, Крис не потрошил ниту еден свој долар за овој прстен.

Тој наводно прстенот го добил бесплатно од Мајкл Грин, продавницата за скапоцени дијаманти за познатите.

После раскинувањето, Парис сакала да го задржи прстенот бидејќи го смета како свој, а Крис го бара назад бидејќи според неговите тврдења, тој го купил со свои пари.

Богатството на Парис Хилтон се проценува на 300 милиони додека на Крис на 4 милиони долари.

Scroll to Top