(Видео) 50 Сент на настап во Лос Анџелес фрли микрофон во публика и повреди жена

Раперот 50 Сент на настап во Лос Анџелес го фрли микрофонот во публиката, а снимките од концертот почнаа да кружат на социјалните мрежи. Познатиот рапер имал проблеми со микрофонот за време на настапот и морал неколку пати да го менува. Откако му откажал микрофонот, изнервираниот рапер го фрлил во толпата.

На видеото се гледа како тој менува микрофони, а потоа налутено фрла еден во публиката, наводно со него удирајќи жена во глава. Подоцна се дозна дека се работи за радио водителката Брихана Монегејн. Американските медиуми јавуваат дека водителката крварела и се здобила со повреди на главата, а видеото ги разбесни фановите.

Да потсетиме, во последните неколку месеци се појави бизарен тренд кој налути многу музичари. Откако маж од публиката ја удри пејачката Беби Реџа со мобилен телефон во глава, следеа низа слични инциденти во кои членовите на публиката ги таргетираа ѕвездите кои настапуваат на сцената.

@polyboy.steezy 50 cent bust female with Mic at his concert #bryhana #power106 #fyp #foryou #50cent #foryou #fyp ♬ original sound – Polyboy.Steezy

Scroll to Top