Холивудската актерка Мелиса Томпсон објави видео од најмоќниот холивудски продуцент Харви Вајнстин, на кое се гледа како тој се однесува на деловна средба со помлада девојка.
Томпсон е една од десетиците актерки кои го обвинуваат Вајнстин за сексуално вознемирување и дека се обидел да ги искористи, што и се потврдува од видеото.
Снимката е од 2011 година, кога актерката имала 28 години.
Снимката го покажува контроверзниот продуцент како при поздравувањето, наместо да ѝ пружи рака, ја прегрнува и почнува да ја гали по грбот спуштајќи ја рака подолу, потоа ја гали по раката, сака да флертува со неа, а таа цело време се труди да го оттурне.