(Видео) Актерката Тара Рид исфрлена од авион

Американската актерка Тара Рид, ѕвездата на филмот „Американска пита“, заедно со своето куче била исфрлена од авион во Лос Анџелес оти направила инцидент пред полетувањето. Глумицата требало да патува од Лос Анџелес до Њујорк, но поради неколкуте испади пред полетувањето, стјуардесите ја исфрлиле за да не ги вознемирува другите патници. Еден од патниците во авионот ја снимил и видеото е објавено на порталот Ти-ем-зи.

Според порталот, Тара се качила во авион и седнала на своето место, но кога сфатила дека не седи до прозорец, почнала да бара да ја преместат. Додека другите патници влегувале во авионот, таа се пожалила на удобноста, барала перница за да ѝ ги олесни болките во мускулите, а ѝ пречел и патникот што седнал пред неа и го спуштил седиштето за да легне. Бидејќи се жалела и кревала врева без престан, членовите на екипажот ја замолиле да излезе од авионот.

Компанијата „Делта ерлајнс“ испратила официјално соопштение дека 42-годишната актерка била исфрлена поради вознемирување на патниците. Тара, пак, напишала статус на социјалните мрежи, во кој вели дека не се случил никаков инцидент и дека таа самата, без притисок, го напуштила авионот. Додала и дека стјуардот ѝ направил проблем оти со себе го понела миленичето.

 

Scroll to Top