Норвешкиот продуцент и диџеј, Алан Вокер, објави нов спот за синглот Darkside, соработка со Ау/Ра и Томин Харкет. Спотот е снимен во предели од Хрватска, Босна и Херцеговина и Црна Гора, а претставува спој на футуризмот и архитектурата на поранешна Југославија.
Светски познатиот диџеј неодамна беше ѕвезда на фестивалот „Скопје колинг“ што го организираше „Авалон“. Тогаш во ексклузивно интервју за „Репортер“ рече дека ќе направи се да не остане запаметен по само еден хит.
„По Faded, луѓето очекуваа нешто ново и подеднакво добро, ако не и подобро од мене,“ рече Алан во интервјуто пред настапот на „Скопје колинг“. Тој стана светски позната ѕвезда на 18 години, а препознатлив е по качулката и маската со кои се појавува на сите настапи и интервјуа.