(Видео) Алекс Родригез на роденденска журка кај бившата девојка на Бен Афлек

Поранешниот вереник на Џеј Ло, Алекс Родригез, минатиот викенд бил гостин на роденденската журка на Линдзи Шукус, бивша девојка на Бен Афлек. Американските медиуми пишуваа дека Лидзи го поканила Алекс на забавата од инает на Џенифер и Бен, кои се смирија по 17 години и пак се во врска. Но, извор близок до Родригез вели дека тие се пријатели 15 години и дека меѓу нив нема ништо романтично.

За потсетување, Линдзи и Бен се гледаа со прекини околу две години, од 2017 до 2019. Џенифер и Алекс беа заедно од 2017 година до минатиот април. Тие се верија 2019 година на Бахамите и планираа да се венчаат лани, но ги одложија плановите поради пандемијата. Неполни два месеца по разделбата, Џенифер и Бен почнаа повторно да се гледаат, а светските медиуми пишуваат дека Афлек планира да ја побара Лопез за жена.

Scroll to Top