Американскиот пејач Пост Малон доживеа незгода за време на настапот во рамки на неговата турнија низ Америка. На Малон му се слошило додека ја изведувал песната I Fall Apart. Малон го испуштил микрофонот и паднал на сцената, а луѓе од организацијата и обезбедувањето мораа да му помогнат да стане.
На социјалните мрежи се споделува видео од незгодата, а неговите фанови коментираат дека се загрижени за неговата состојба. Многумина сметаат дека дрогата му го уништила животот на познатиот пејач.
Ова не е првпат Малон да биде цел на критики поради консумирање наркотици. Поради тоа тој често за време на неговите настапи мора да се правда дека не зема дроги и дека се чувствува добро.