(Видео) Антонио Бандерас свој отвори театар во Шпанија

Шпанскиот глумец Антонио Бандерас синоќа го отвори својот театар, Teatro del Soho, во неговиот роден град Малага. Театарот се отвори со мјузиклот A Chorus Line во кој глуми и популарниот актер. Тој вели дека за премиерата избрал дело што зборува за анонимните уметници и за нивните страдања зад сцената.

„Претставата зборува за луѓе што навистина ги поддржуваат мјузиклот и театарот, но нивните имиња не блескаат и не се познати.

Освен Бандерас, во мјузиклот глумат уште 25 актери, а ги придружува оркестар од 22 музичари. Во театарот има место за 800 посетители.

Бандерас (59) ја почна својата кариера во 1980-те години во Шпанија. На 19 години тој почна да глуми во шпанскиот Национален театар. Се прослави глумејќи во филмовите на режисерот Педро Алмодовар, а во Холивуд се појави во хитовите како „Атентатори“, „Интервју со вампирот“, „Десперадо“, „Филаделфија“ и „Маската на Зоро“.

Scroll to Top