Пејачката и актерка Адријана Гранде држеше ананас во раката за време на нејзиното појавување во шоуто на Греам Нортон, што привлече внимание и насмеа многу гледачи.
Таа дојде во шоуто само неколку часа откако филмoт во којшто глуми „Злобница“ (Wicked) доби 10 номинации за Оскар, а таа беше номинирана во категоријата за најдобра споредна женска улога. Поради оваа причина, познатиот актер Вил Ферел реши да се пошегува и со оглед на тоа што овогодинешното доделување на наградите се одржува на 2 март, да и подари нешто што „дотогаш ќе ја задоволи“.
Водителот Греам Нортон и честиташе за успехот, а додека сите во студиото ракоплескааа, Ферел стана и извади ананас од чинијата со овошје.
„Ова изгледа како номинација“, се пошегува тој додека и го подаваше ананасот. Аријана Гранде му се заблагодари и гордо го покажа на публиката.
„Го ценам тоа, благодарам“, рече таа низ смеа.
Во текот на целата емисија не го испушташе од раце, па дури и го понела дома со себе. Нејзиниот стилист подоцна објави фотографија на Инстаграм на која се гледа како Аријана го чува ананасот на совозачкото седиште, па дури и ставила појас врз него.
Многумина се пошегуваа во коментарите под видеото објавено на „Јутуб“.
„Има што да стави на полица, ако не добие Оскар“, напиша некој.
„Ова е толку глупаво што е всушност смешно“, „Не ми се верува дека само ја гледав Гранде како држи ананас во раката час и половина и сериозно зборува за номинациите за Оскар“, „Таа е толку симпатична. Заслужи Оскар. “, се вели во дел од коментарите.