(Видео) Арнолд Шварценегер ја прими вакцината против коронавирусот

Холивудскиот глумец Арнолд Шварценегер ја прими вакцината против коронавирусот. Тој се вакцинира пред камерите додека седеше во својот автомобил во Лос Анџелес.

„Дојди со мене ако сакаш да живееш“, ја кажа тој популарната реченица од филмот „Терминатор“ и им порача на сите да се пријават за да ја добијат вакцината.

„Денес е добар ден. Никогаш не сум бил посреќен додека сум чекал во ред. Придружете ми се и пријавете се за да ја добиете својата вакцина“, напиша тој.

Scroll to Top