(Видео) Авичи извршил самоубиство

Младиот Тим Берглингер, познат како диџеј Авичи, почина минатата недела на 28-годишна возраст. Тим бил на одмор во Оман. Јавноста до денес не беше сигурна дека причината за смртта е самоубиство.

Семејството на покојниот Тим денеска издаде соопштение во кое открива дека веќе не може да ја крие вистината.

„Нашиот сакан Тим беше трагач, нежна уметничка душа, која бараше одговори на егзистенцијални прашања. Перфекционист кој успеа и кој го пропатува светот работејќи додека не беше целосно исцрпен. Кога престана да настапува, посака да пронајде начин да го балансира својот живот, да биде среќен и да се занимава со музика. Но, се бореше со тешките мисли. За животот, за смислата, за среќата. Не можеше повеќе“, се наведува во соопштението на семејството.

Претходно ,јавноста се посомнева дека за трагичниот крај на младиот уметник е виновен раскошниот живот, здравствените проблеми што со години го мачеле и поради кои се повлече од јавниот живот. Сето ова било доволно за јавноста само да претпоставува што навистина се случило со младиот Тим.

На социјалните мрежи се појавија снимки од документарец во кој Авичи изјавил дека сите знаеле дека ќе умре и дека не им било премногу грижа.

Авичи бил исцрпен, што покажува и снимката од документарецот во кој се гледа дека менаџерите го терале да настапува и се обиделе да го наговорат да не се повлекува од јавниот живот, туку да почне со нова турнеја.

 

Лекарите го советувале да мирува, да избегнува храна и пијалаци додека „црниот дроб не му биде со нормална големина“.

Снимката продолжува ден по хоспитализацијата. Авичи во автомобил, едвај ги држи очите отворени од замор, а менаџерот му говори дека за еден ден ќе има настап, но и дека би било убаво кога тој ден би дал неколку телефонски интервјуа. Авичи уморен со полуотворени очи се согласува.

 

Гледајте го трејлерот од документарецот за Тим:

А еве како Стокхлом се прости од младиот музичар:

Scroll to Top