(Видео) Бен Афлек почна пак да пие

Светскиот глумец Бен Афлек почна пак да пие, пишува британски „Мирор“. Актерот бил виден пијан на забава во Њујорк. Негов близок пријател откри дека сакал да прослави една година трезвеност.

Глумецот излегол маскиран од забавата која била организирана по повод „Ноќта на вештерките“. Негови пријатели велат дека глумецот им признал дека повремено знаел да се напие, пишува „Мирор“.

„На Афлек му беше тешко постојано да биде трезен. Самиот тој ми призна дека повремено знаел да се напие чашка алкохол“, изјавил негов близок пријател.

Scroll to Top