(Видео) Бети Вајт 11 дена пред да почине снимила видео за обожавателите

Една од најдобрите и најценети актерки во САД, Бети Вајт, снимила порака за своите обожаватели само 11 дена пред нејзината смрт. Таа почина половина месец пред да го прослави нејзиниот 100. роденден, а видеото кое го снимила претходно, нејзините пријатели го објавија во петокот.

Во интервју за ET, режиерот Стив Бетхер, кој го сними нејзиниот документарец Bettu White: А Celebration, тој искрено зборуваше за нејзиниот став кон обожавателите.

„Таа на 20 декември сними кратко видео. Тоа на некој начин беше порака за нејзините обожаватели кои требаше да бидат со неа на прославата на нејзиниот 100. роденден. Го сними 11 дена пред да почине“, рече Бетхер.

Во видеото таа била дотерена и насмеана како и секогаш, рече Бетхер.

„Таа обожаваше да се дотерува и да се шминка и да прави фризура. Беше апсолутно прекрасна. Се смешкаше и искрено сакаше да се забавува со обожавателите, од длабочината на нејзиното срце“, рече режисерот.

Во пораката Бети им се заблагодари на сите фанови кои ја гледале и поддржувале повеќе од 80 години.

„Сакам да ви се заблагодарам за целата таа љубов и поддршка која ми ја дававте низ годините. Фала ви многу“, рече Бети.

Џеф Витја нејзиниот соработник и пријател, по нејзината смрт ги поттикна фановите да донираат во голем број организации во кои актерката беше активистка. Дел од нив беа за заштита на животните. Тој ги повика да донираат и на тој начин да им помогнат на животните.

Бети ги сакаше животните, а во едно интервју за People рече дека чувала 26 кучиња. Некои од организациите во кои Бети помагаше беа The Los Angeles Zoo, Wildlife Learning Center, Actors and Animals for Others и Guide Dogs For the Blind.

За само шест часа видеото било прегледано 85.000 пати и има повеќе од 3.000 коментари. Обожавателите и се заблагодарија и се простија од неа. За потсетување, Бети ја има освоено Еми наградата пет пати, Опра Винфри ја нарече национално богатство, а актерката го сруши и Гинисовиот рекорд за најдолга глумачка кариера, како женска актерка на малите екрани.

 

Scroll to Top