(Видео) Безос за прв пат ја проба својата јахта вредна 400 милиони долари

Најбогатиот човек на светот, основачот на „Амазон“, Џеф Безос летово за прв пат заплови со својата луксузна јахта „Летечката лисица“. Безос во моментов се наоѓа на едно од популарните турски летувалишта.

Светските медиуми пишуваат дека Безос за неа потрошил 400 милиони долари. Суперјахтата е долга 136 метри и може да прими 22 гости. Има 54 члена на екипажот, 36 кабини за гостите, вклучувајќи 11 ВИП кабини и четири палуби на бродот, базен од 12 метри и писта за хеликоптер.

Scroll to Top