(Видео) Боливуд снима своја верзија на Форест Гамп

By

Боливуд ќе снима своја верзија на култниот класик и најскапиот филм во историјата „Форест Гамп“. Индијската адаптација копирала неколку антологиски сцени од оригиналниот филм кој освои шест Оскари, како играњето на пинг-понг и трчањето. Сепак велат дека имаат внесено и некои промени.

dobivaj vesti na viber

Оригиналниот „Форест Гамп“, го глумеше Том Хенкс, кој низ животот го водеше реченицата „Трчај, Форест, трчај“. Сега една од најголемите индиски ѕвезди, Амир Кан, ќе ја игра главната улога во филмот Laal Singh Chaddha.

Најпознатата реченица на Форест Гамп е дека животот е како бонбоњера, никогаш не знаеш што ќе добиеш. Во индискиот филм гласи: „Животот е како голгапа. Стомакот можеби ви е полн, но срцето секогаш ќе копнее за повеќе“. Голгапа е популарна индиска закуска.

Боливудската верзија на филмот исто така ветува дека ќе ги однесе гледачите низ историјата на Индија, на сличен начин на кој Форест Гамп ги прикажуваше важните настани во Америка, како војната во Виетнам, пренесе Headliner.

Ѕвездата од мегахитот Dangal од 2016 година, Амир Кан, и сценаристот Атул Кулкарни, засега не откриваат многу за тоа кои индиски околности ќе бидат прикажани во филмот. Кулкарни рече дека неговото сценарио е прекрасна приказна за прекрасната земја Индија, која ќе биде претставена преку прекрасната личност Лаал Синг.

Кан призна дека прво се двоумел дали сака да го види сценариото на Кулкарни, затоа што не бил сигурен дали ќе може да направи адаптација на таков култен класик. Но, кога стигнал до содржината, знаел дека сценаристот успеал.

„Тоа беше трогателно искуство за мене. Многу ми се допадна. Одма посакав да снимам филм“, рече глумецот. Уште една ѕвезда од Боливуд, Карина Капур ќе игра во филмот. Таа ќе ја глуми долгогодишната пријателка на Руп, исто како Џени во оригиналниот „Форест Гамп“, која ја толкуваше глумицата Робин Рајт. Капур рече дека работата е безвременска со љубовна приказна во средината.

Филмот има буџет од речиси 23 милиони долари и веќе се најде меѓу 25 најскапи во историјата на индиската кинематографија.

Ќе ви се допадне