(Видео) Бред Пит и Елен Деџенерис биле во врска со иста девојка

Холивудската ѕвезда Бред Пит и познатата водителка Елен Деџенерис биле во врска со иста девојка, откри водителката во нејзиното шоу. Таа ова му го призна на Бред среде емисија, додека разговараа за нивната прва средба, некаде во 1990те години. Потоа двајцата се насмеаја, а Елен призна дека се шегувала со него.

„Бевме на забава кај Мелиса Етериџ. Сигурен сум дека ти флертуваше со мојата тогашна девојка“, ѝ рече Бред на Елен на почетокот на интервјуто.

„Всушност, мислам дека бев во врска со една од твоите девојки. После снимањето ќе ти кажам која е“, му одговори Елен, што го насмеа глумецот.

Во шоуто на Деџенерис, Пит зборуваше за своите два последни филма, „Си беше еднаш во Холивуд“ и „Ад Астра“ кој наскоро ќе има светска премиера.

Scroll to Top