(Видео) Бритни со четири мажи слави за разводот, еден и ја лиже ногата додека се снима

Откако Бритни Спирс објави видео на кое по веста за разводот лежи топлес на кревет и танцува, таа на своите фанови им одговори со уште едно видео на социјалните мрежи.

Бритни сподели видео на кое покажа дека се дружи со неколку мажи, а додека танцува во зелен фустан од тантела, еден од мажите и ја лиже ногата.

„Кога одите да сретнете таканаречен „пријател“ и возите еден час за пилешко. Потоа треба да почекаш во кола и потоа да одиш во тоалет… Знаев дека на папараците им кажале каде сум бидејќи колата во која бев никогаш порано не била користена… па не разбирам како ме следеа? Малибу Кањон патот е најстрашниот пат по кој некогаш може да возите“, раскажа Бритни како и поминала вечерта.

Пејачката опишала како добро се забавувала потоа.

„Што правам тогаш? Го облеков зелениот фустан и им се појавувам на пријателите. Ги поканив моите омилени момци и се забавувавме цела ноќ“, напишала Бритни давајќи до знаење дека се чувствува добро по неодамнешната вест за крајот на бракот.

Инаку, таа и актерот и тренер Сем Асгари во средата потврдија дека се разведуваат по 14 месеци брак и 6 години врска, но изгледа дека Спирс не е премногу тажна. На почетокот на оваа недела таа сподели видео како танцува и забава со пријателите и рече дека причината за нивното раскинување не е нивна работа.

Таа се заблагодари на пораките за поддршка и рече дека предолго е силна и дека иако нејзиниот живот изгледа совршен на социјалните мрежи, тој е далеку од реалноста.

„По шест години љубов и посветеност еден кон друг, јас и мојата сопруга решивме да го завршиме нашето заедничко патување. Ќе се задржиме на љубовта и почитта што ги имаме еден кон друг и и посакувам се најдобро“,  сподели нејзиниот наскоро поранешен сопруг.

Двојката се запозна на снимањето на спотот за Slumber Party во 2016 година, а се венчаа минатиот јуни во Лос Анџелес. Тој повеќепати изјавил дека не може да ја контролира Бритни и нивниот брак, а како што пренесува ТМЗ ја обвини за физичко малтретирање и изневерување со вработена.

Според предбрачниот договор, Сем би добивал по милион долари за секои две години брак, но се чини дека ќе остане со празни раце.

Scroll to Top