(Видео) Бритни Спирс ја запали вежбалната

Пејачката Бритни Спирс призна дека ја запалила вежбалната каде тренирала. Таа на „Инстаграм“ сподели видео во кое ја призна вината и објасни како дошло до незгодата.

„Беше тоа несреќен случај. Запалив две свеќи и потоа можете да замислите што се случило. Да, јас ја запалив вежбалната. За среќа никој не е повреден. Ми остана само дел од опремата и огледало“, изјави Бритни и покажа подоцна дел од нејзиниот тренинг кои го прави во вежбалната по неколку часа дневно.

Голем број пријатели и дадоа поддршка и коментираа дека вакво нешто можело да му се случи на секого.

„Важно е дека никој не настрадал. Немој да се нервираш. На секого може да му се случи“, биле дел од коментарите на социјалните мрежи.

Поп пејачката со последните нејзини фотографии на социјалните мрежи ги загрижи фановите. Тие и коментираа дека изгледала изморено и исцрпено и дека потребен и е одмор.

Scroll to Top