Светската пејачка Бритни Спирс ја промени бојата на косата и повеќе не е русокоса. Таа објави видео на социјалните мрежи каде им се пофали на фановите со новиот имиџ и темната боја на коса
„Исто лице, ист фустан, но нова боја на коса“, напишала Бритни на видеото.
View this post on Instagram
Same faces, same dress, new hair !!!!! 👠 Yes, my sister inspired me to go dark !!!!!!!
Пејачката откри дека сестра ѝ ја наговорила да се офарба, а црната боја на коса е одличен избор за есента. По објавеното видео пејачката доби пофални коментари. Многумина ја пофалија дека црната коса одлично ѝ стои.
Пофалба Спирс доби и од нејзиниот дечко.
„Прекрасна со која било боја на коса“, напиша тој.