(Видео) Брус Вилис умира машки во реклама за акумулатори

By

Холивудската ѕвезда Брус Вилис уште еднаш се најде во култната улога на Џон Меклејн, но не во новата епизода од познатиот серијал „Умри машки“, туку во реклама за акумулатори кои го носат истото име како и филмот – Die Hard.

Во видеото, кое трае две минути, Брус Вилис повторно се среќава со старите пријатели, а со цел да може да го стартува својот автомобил. „Џон Меклејн“, како и во филмот, ништо не може да го сопре. Во рекламата се појавуваат и некои од ликовите од добро познатиот серијал. Епизодна улога има Деворо Вајт (шоферот на лимузината од првиот дел), како и Кларенс Гилард – хакерот Тео исто така од првиот филм.

Објавувањето на рекламата ги засили шпекулациите дека ќе има продолжение на „Умри машки“, иако Брус Вилис повеќе и не е толку млад за улога од типот на Џон Меклејн. Во таа насока е и еден од коментарите за видеото: „Ова е секако подобро од ‘Умри машки 5’“.

Ќе ви се допадне