(Видео) Дечкото на Меган Фокс, Кели, се степа со обожавател на концерт

Дечкото на глумицата Меган Фокс, музичарот Машин Ган Кели, претепа фан на фестивалот Lauder Than Life. За време на концертот, пејачот се пресметал со еден од посетителите, а снимката брзо се рашири на интернет.

Кели се симнал од сцената во делот каде стоело обезбедувањето. Еден од фановите успеал да помине покрај обезбедувањето и го турна пејачот, а овој одма му врати. Обезбедувањето се обиде да ги раздвои, а дел публиката почна да вика по пејачот.

„Не знам зошто медиумите лажат и пишуваат против мене. Јас на концертот видов 20.000 неверојатни обожаватели кои пееја во глас и 20 од оние гневните кои беа против мене“, напиша Кели на „Твитер“.

Scroll to Top