(Видео) Дејвид Бекам го прослави 43. роденден

Фудбалерот Дејвид Бекам го прослави 43. роденден во кругот на своето семејство во Лондон.

Сепак, најголемото изненадување му го приреди неговиот најстар син Бруклин, кој во ресторанот влезе нешто подоцна, додека фудбалерот славеше со своите двајца сина, Круз и Ромео, и ќеркичката Харпер.


Бруклин се прошета низ ресторанот и во еден момент му се доближи на Бекам од зад грб. Го прегрна, а на видеото може да се забележи дека на фудбалерот од радост му потекоа и солзи радосници.

Овој емотивен момент е забележан на снимка која Викторија ја објавила на својот инстаграм-профил.

 

 

Scroll to Top