(Видео) Деми Мур објасни зошто била изоблична во лицето на ревијата на „Фенди“

Познатата актерка Деми Мур изгледаше непрепознатливо на неодамнешната ревија на „Фенди“, па многумина ја обвинија дека претерала со филери. Сега Деми се обидува со нови фотографии да oбјасни дека употребила еден трик. Само еден ден подоцна Деми гостувала на онлајн-емисијата „Без филтер со Наоми“ и во разговор со супермоделот Наоми Кембел (50) изгледала сосема природно. Така таа се обидела да ги негира сите оние што тврдат дека имала корекции на лицето.

Таа објави фотографија под која напиша ‘подготовка на кожата пред шоуто’, со маска за лицето алудирајќи на фактот дека тајната на нејзиниот младешки изглед е во негата на кожата.

Сепак, многу козметички хирурзи по шоуто рекле дека Мур претерува со хијалуронски филери. Но, потоа, по видеото кај Наоми, едни тврдат дека додека одела по пистата, актерката ги гризела образите и со тоа постигнала затегнат израз на лицето и ги истакнала јаболкцата, а други тврдат дека шминката ја прави крајно непрепознатлива.

Деми ја негира естетската интервенција објавувајќи фотографии на „Инстаграм“.

Дека не правела драстични операции, Деми објави фотографија без шминка направена пред шоуто со моделите Кејт Мос, Кристи Тарлингтон и дизајнерот Ким Џонс, каде што Мур изгледа сосема природно.

Scroll to Top