(Видео) Девојче ја искулира Меланија Трамп

Фотографија од едно девојче во Белата куќа кое воошто не изгледа заинтересирано и импресионирано што ја запознало првата дама на САД, Меланија Трамп, го привлече вниманието на социјалните мрежи.

Меланија Трамп покани 30 ученици од шесто одделение во Белата куќа во рамки на месецот за борба против насилството во училиштата. Самиот настан беше засенет од девојчето, кое за разлика од нејзините соученици, воопшто не изгледаше заинтересирано за тоа што го прави сопругата на Доналд Трамп.

Нејзиниот веројатно ненамерен потег поттикна лавина коментари на социјалните мрежи.

Нејзиниот израз на лицето и позата што ја зазела ги запазил и колумнистот од „Њујорк тајмс“ Чарлс Блоу, кој фотографијата ја објавил на Инстаграм со хаштаг #IReallyDontCareDoYou (Мене навистина не ми е гајле. А на тебе?).

Станува збор за натпис на јакната што Меланија ја носеше кога беше во посета на приватен центар за деца на границата со Мексико во рамки на полемиката за мигрантската политика на нејзиниот сопруг. Натписот исто така поттикна бројни реакции, па и остри критики.

Поединци тогаш ја обвинија Меланија за лицемерие, а некои нејзиниот дискутабилен моден избор го протолкуваа како суптилна порака до сопругот.

 

Scroll to Top