(Видео) Девојче од публиката го запеа хитот на Пинк

Пејачката Пинк одржала концерт во Ванкувер, а во еден момент на бината ѝ се приклучила дванаесетгодишната Викторија Ентони. Викторија на воодушевување на целата публика го запеала нејзиниот хит „Перфект“.

Викторија претходно на „Твитер“ ѝ се обратила на пејачката и изразила желба да запее со неа.

Нејзината приказна ја пренеле канадските медиуми, но и пејачката Сара Маклахлан, па пораката многу бргу стигнала до Пинк.

Иако девојчето не запеало веднаш со Пинк, пејачката ја препознале во публиката, а потоа ѝ се обратиле: „За тебе читам во вестите. Сакаш ли нешто да отпееш?“

Девојчето веднаш го прифатила повикот на Пинк, а потоа запеала и со својот глас ја воодушевила како пејачката така и публиката.

„Сега ниту јас повеќе не сакам да пеам!“, изјавила Пинк не криејќи го своето воодушевување од настапот на Викторија.

Scroll to Top