(Видео) Џеј Ло со култниот фустан од пред 20 години изненадување на ревијата на Версаче

Вчеравечер на Модната недела во Милано, Донатела Версаче им приреди возбудливо изненадување на гостите на нејзината ревија за Версаче.  Изнанадувањето беше на крајот од ревијата, кога 50-годишната Џенифер Лопез го затвори шоуто со атрактивно дефиле на модната писта во легендарниот зелен фустан што таа за прв пат го носеше на Греми наградите во 2000-та година.  Отогаш овој фустан стана култен модел по кој нивната заедничка соработка стана препознатлива.

Всушност таа се појави во реплика од фустанот, кој овој пат одлично се вклопи во Модната недела на која Донатела  ја промовираше колекцијата пролет-лето 2020.

Самоуверено Џеј Ло чекореше по писта а цалото внимание беше свртено кон нејзе.  Коментарите по нејзиното појавување не стивнуваат, а се однасуваат на нејзината неверојатна енергија и одличен изглед.

 

Scroll to Top