(Видео) Џејми Фокс најде загубена чанта ѝ ја врати на сопственичката откако излезе од хоспитализација

Џејми Фокс за првпат во неделата е виден во јавност откако беше хоспитализиран во април. Актерот најде изгубена чанта недалеку од болницата во Чикаго каде беше сместен и ѝ ја врати на сопственичката Тери Квин Глен. Глен во Чикаго рече дека била во посета на нејзината болна сестра.

„Ми свирна од автомобилот, а сестра ми ми рече да се свртам. Тогаш го видов со мојата чанта. Излезе ѝ ми ја подаде“, рече Глен за Fox News и додаде дека му се заблагодарила и го прашала како се чувствува. .

„Изгледаше добро“, рече Глен.

За потсетување, на актерот му се слоши во април за време на снимањето на акционата комедија Back In Action, по што беше хоспитализиран во болница, специјализирана за третман на возрасни со сериозни состојби, вклучително и закрепнување од последиците од мозочен удар.

Лекарите на почетокот не можеа да откријат што му е и каква му е дијагнозата, а ќерка му Кони рече дека Фокс имал компликации и дека морале да го однесат во болница. Фокс сè уште нема објавено за неговата состојба, иако некои од медиумите пренесоа дека доживеал мозочен удар.

Scroll to Top