Американската глумица Џејн Фонда по трет пат овој месец е уапсена за време на протестите против климатските промени пред Конкгресот во Вашингтон. Актерката претходно изјавила дека има намера да присуствува на овие протести постојано се додека не ја примора владата да биде делотворна во борбата против климатските промени.
Фонда најави дека во иднина ќе прави се поголем притисок и очекува полицијата да ја апсат секој петок. Инспирација за овие протести добила од шведската тинејџерка Грета Тунберг. Нејзините обожаватели сметаат дека Фонда залудно се бори и дека нема моќ да промени било што по овие прашања.
„Нема ништо залудно во обидите да се донесат значајни промени во светот и општеството“, изјавила Фонда.
Глумицата веќе е приклучена во неколку глобални здруженија кои се борат против климатските промени.