(Видео) Џејсон Деруло го очекува своето прво дете: Не можаме да бидеме повозбудени

Американскиот пејач и танчер, Џејсон Деруло го очекува своето прво дете со неговата девојка Џена Фрумс.

Веста за приновата Деруло ја сподели со фановите преку емотивно видео од нивниот заеднички одмор на Бахамите, кое го објави на „Инстаграм“.

„Не можеме да бидеме повозбудени за ова ново поглавје во нашите животи“, напиша Џејсон под видеото во кое Џена го покажа трудничкиот стомак.

Деруло се до мај лани го криеше својот љубовен живот од очите на јавноста, се додека не се појави со Џена Фрумс, која инаку е поранешна девојка на играчот на Манчестер Јунајтед, Џеси Лингрд.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jason Derulo (@jasonderulo)

Scroll to Top