Светската ѕвезда Џенифер Лопез, по една година пауза, во ист ден промовираше две нови песни. Таа со колумбискиот пејач Малума ги сними Pa Ti и Lonely, а видеата веднаш добија милионски прегледи на ЈуТјуб.
51-годишната латино-ѕвезда најави дека има хит, но таа повторно го привлече вниманието и со својот изглед. По објавувањето на видеото, комплименти од фановите доби и Малума (26), кој во моментов е најпопуларниот латино пејач.
„Совршен спој, ваква радост не сум доживеала одамна“, „Никој не е посекси од вас“, стои во коментарите.