(Видео) Џенифер Лопез со песна му го честиташе роденденот на Бен Афлек

Бен Афлек го прослави 51 роденден, а Џенифер Лопез му го честиташе со приватно видео.  Додека се возеа во автомобил пејачката му ја испеа познатата песна на Сем Кук од 1959 година, But I Do know I Love you.

„Драг Бен. Среќен ти роденден. Те сакам“, му честиташе Џенифер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

За потсетување, двојката се венчаше минатата година во Лас Вегас, а потоа свадбата ја направија во куќата на Бен во Џорџија. Двајцата се родителите на пет деца.

Лопез од бракот со Марк Ентони (54) ги има близнаците Ема и Макс (15), додека Бен со бившата Џенифер Гарнер (51) ги има ќерките Вајолет (17), Серафина (14) и синот Самоил (11).

Scroll to Top