Актерката Џесика Алба за првпат ја отвори вратата на својот дом во Лос Анџелес во кој живее со сопругот Кеш Ворен и нивните три деца, 10-годишната Хонор Мери, 7-годишната Хејвен и едногодишниот Хејс.
Куќата во која живеат е купена пред седум месеци, но Џесика вели дека било потребно многу труд да се уреди онака како што изгледа сега.
“Сакавме место на кое можеме да гледаме како растат и си играат нашите деца”, изјавила актерката, притоа мислејќи на огромниот двор кој ја опкружува куќата.
Веќе по 20 минути разгледување на куќата, Алба знаела дека сакала да ја купи, а инспирацијата за уредување ја добила од Пинтерест.
На Џесика омилени ѝ се дневната соба во која семејството сака да појадува, потоа кујната бидејќи обожува готвење и терасата инспирирана од ретро стил. Во куќата доминираат мермер и рециклирано дрво.