(Видео) Џони Деп ѝ ја уништи кариерата на Амбер Херд, рече продуцентката на „Аквамен 2“

Џони Деп ѝ ја уништи кариерата на Амбер Херд, рече продуцентката на филмот „Аквамен 2“, Кетрин Арнолд во судот во Лос Анџелес. Херд ја викнала да сведочи во нејзина корист, а таа објасни дека поради клеветите на адвокатот на Деп, Адам Валдман, кариерата ѝ била уништена.

Арнолд сега ги повтори своите тврдења, опишувајќи ги промените направени во сценариото. Таа тврдеше дека ликот на Херд, принцезата Мера завршува во болница рано во новиот филм Аквамен 2 и дека ја нема до крајот.

„Престојот во болница е поврзан со повреда или нешто со бебе“, рече Арнолд и дополни дека  улогата на Херд радикално се намалила во однос на она што го имаше во првичното сценарио и за кое глумицата се подготвувала и тренирала подолго време.

Претходно и Херд рече дека го добила сценариото, а потоа добила и уште една нова верзија од истото во кое биле исфрлени деловите со нејзиниот лик.

„Во основа поради судењето ми беа одземени поголем дел од моите улоги“, рече Херд.

Арнолд исто така рече дека првиот филм за „Аквамен“ бил важен за кариерата на Херд.

„Тоа беше момент кога Амбер не беше само беше само добра глумица, туку стана и светски позната, затоа што беше во еден од најуспешните филмови, секако за DC Comics“, рече Арнолд.

За потсетување, на судењето, Џони Деп ја тужи Амбер Херд, за писмото кое го испратила во „Вашингтон пост“, во кое таа го обвини за семејно насилство. Деп вели дека тоа писмо му ја уништило на него кариерата.

Scroll to Top