(Видео) Џони Деп пијан крши сè во станот, се појави нова снимка во судот

Ѕвездата од филмот „Пирати од Карибите“, Џони Деп, го тужи британскиот таблоид „Сан“ затоа што го нарекле насилник кој ја претепал жена си. Глумецот се појави во својство на сведок во судот, каде што се соочил со незгодната снимка.

Деп изминатиот период сè почесто се наоѓа во судниците поради својата поранешна девојка, глумицата Амбер Херд. И таа го обвини Деп за семејно насилство, а неговата одбрана тврди дека нејзината единствена цел е да извлече повеќе пари од нивниот клиент.

Како доказ за нејзините тврдења, Амбер во неколку наврати приложила до судот фотографии од нејзините модрици и повреди за кои тврдела дека ги добила од Деп, а сега на неговото последно судско рочиште, во кое глумецот го тужи британскиот весник, се појави снимка од неговото насилство.

На судењето ќе говори и Амбер. Деп до денес негира дека некогаш бил насилен кон својата поранешна сопруга, но признава дека поради својата зависност, ѝ предизвикал многу болка во нивниот однос.

„Луд? Сега ќе видиш што е еб*но луд“, се слуша на снимката како Деб вика и ги крши некои од кујнските елементи. Потоа кон Амбер фрла со шише вино, додека таа го снима.

Оваа снимка весникот „Сан“ ја приложил до судот. Амбер Херд се разведе од Џони Деп по една година брак и петгодишна врска. Таа побрала развод во мај 2016 година и веднаш добила привремена судска заштита.

Како причина за барањето за развод таа ги навела непремостливите разлики, а насилството, според неа, кулминирало кога Деп бил под влијание на алкохол и дрога.

Scroll to Top