Камила Васкез адвокатката на актерот Џони Деп била забележана во негово друштво по концертот во Прага. На Камила и се придружиле и другите членови на неговиот правен тим, пренесува Њус Вик.
Видеото кое се појави на Тик Ток се гледа како таа разговара со Деп во бекстејџот.
На неодамнешното судење помеѓу Деп и неговата поранешна сопруга, поротата пресуди во корист на актерот, доделувајќи му 10 милиони долари за компензација и 5 милиони долари за казнена отштета. Васкез беше пофалена за нејзиниот настап во судот за време на судењето за клевета од висок профил, станувајќи славна личност сама по себе.
@johnnydeppfam Camille and all the team were here to support (again) Johnny during his concert and I think it’s just amazing 😍❤️ #justiceforjohnnydepp #johnnydepp #concert #fans #relatives #camillevasquez #trialteam #foryoupage ♬ Cool Kids (Sped-Up Version) – Echosmith