(Видео) Џорџ Клуни им помага на Италијанците по катастрофалните поплави кај езерото Комо: Многу е полошо отколку што мислиме

Американскиот глумец Џорџ Клуни и неговото семејство се најдоа среде катастрофалните поплави и лизгањето на земјиштето во северна Италија, во близината на езерото Комо каде што има вила. Познатиот глумец, веднаш по катастртофата, излезе да им помогне на локалните жители, а испрати и порака преку медиумите во која рече дека тоа што се случи во Италија е многу полошо отколку што делува на прв поглед.

„Мислам дека може да поминат години и ќе се потрошат милиони евра пред сè повторно да се обнови“, рече Клуни за италијанските медиуми и му ја понуди својата помош на градоначалникот на гратчето Лајло.

Според пишувањата, Клуни им помагал на жителите на Лајло да ги исчистат урнатините од куќите, локалите и улиците, и ѓубрето што го надонела водата.

„Овој град отсекогаш бил тука, ќе продолжи да биде тука, уште посилен и ќе се врати во уште подобро светло. Ова е многу издржлив град“, рече актерот.

Клуни од 2002 година има вила на езерото Комо и секое лето оди таму со семејството. Вилата вредна околу 14 милиони долари, има 25 соби, кино на отворено и базен. Овојпат, поплавите не стигнале до куќата на глумецот, иако водата донела дрвја и камења од планината во близина на вилата.

Според италијанските медиуми, повеќе од 60 луѓе биле спасени откако Лајло и другите градови околу езерото Комо биле поплавени.

„Четири куќи беа уништени, а на тие семејства им е дадено алтернативно сместување“, изјави градоначалникот Роберто Почи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tg1 Rai (@tg1_rai_official)

Scroll to Top