(Видео) Додека ќерка и фаќа тен, Хајди Клум ги тресе градите и позира за Инстаграм

Лени Клум, ќерката на познатата манекенка Хајди Клум (50), ужива на луксузен одмор на југот на Франција.

19-годишната манекенка е видена како се сонча во сино бикини на јахтата на нејзиниот татко, италијанскиот бизнисмен Флавио Бриаторе (73). Лени се забавувала во друштво на пријатели, лежела на палубата и се бањала во морето.

Иако Флавио е нејзиниот татко, поранешниот очув Сил ја посвоил Лени пред многу години. Нејзината мајка Хајди неодамна беше на одмор во Италија со својот сопруг, гитаристот на групата „Хотел Токио“, Том Каулиц.

Лени тргна по стапките на нејзината мајка како модел и ја покажа својата импресивна фигура во бикини. Нејзиниот татко, исто така, ѝ се придружил на сонцето и поминале квалитетно време „тато-ќерка“.

Лени инаку е успешна во светот на манекенството, а пред две години се појави на насловната страна на германскиот „Вог“. А Хајди била воодушевена од успехот на нејзината ќерка.

„Толку сум горда на тебе. И не затоа што си одбрала да тргнеш по овој пат. Знам дека по кој пат и да одиш, тоа ќе биде твој пат. Отсекогаш си знаела што сакаш, а што не сакаш. Јас сум силно среќна што сега можеш да му покажеш на светот кој си навистина“, напиша тогаш Хајди на социјалните мрежи.

Лени работеше и за „Версаче“ и „Диор“, а голема прашина крена и нејзиното позирање во долна облека со мајка си за брендот Интимиси“.

Додека Лени Клум ужива на јахта, нејзината мајка објави видео на Инстаграм на кое игра со градите и напишала: Што правите на состанокот за вечера со вашата љубов…покрај тоа што јадете??“.

Scroll to Top