(Видео) Доналд Трамп го одликува Џон Војт со Национален медал

Американскиот претседател Доналд Трамп го одликува актерот Џон Војт со Национален медал за уметност.

„Вие сте голем и квалитетен актер. Вие сте некој кој навистина го сакам и почитувам“, изјавил Трамп на церемонијата во Белата куќа.

Војт се смета за еден од малобројните холивудски приврзаници на американскиот претседател.

„Јас, Џон Војт, можам да кажам дека Доналд е забавен. Тој сака да се шегува, но пред сè, тој е чесен човек”, изјавил во една прилика таткото на Анџелина Џоли кој се прослави во улогата на „Полноќен каубој“, филм во кој глуми со Дастин Хофман.

 

Scroll to Top