(Видео) Емитувана последната епизода од серијата „Модерно семејство“

Хумористичната серија „Модерно семејство“, која во 2012 година освои „Златен глобус“, по повеќе од една деценија снимање, ја емитуваше последната епизода. По 11 години прикажување, вчера беше емитуван последниот двочасовниот воведен документарец и две завршни епизоди.

Во получасовниот забавен документарец, глумците потетија на бројните гранки на семејството Причет, кое фановите го гледаа низ 248 епизоди на АБЦ телевизијата.

Последната сезона на серијата во просек ја гледаа околу четири милиони гледачи по епизода. Тоа е многу помалку од периодот од 2013 и 2014 година, кога таа го доживеа врвот на популарноста. Тогаш во просек една епизода ја гледаа најмалку 14 милиони гледачи.

Серијата почна да се снима во 2009 година. Истата ги собра заслугите со прифаќањето на хомосексуализмот, вклучувајќи ја и идејата двајца мажи да посвојат девојче, што пред десетина години беше многу ретка појава на телевизиските екрани.

Scroll to Top