(Видео) Фановите се убедени дека Кајли Џенер е бремена

Фановите на познатата американска старлета Кајли Џенес, се убедени дека таа е бремена. Тие забележале дека Џенер за нејзиниот роденден објавила фотографија стара повеќе од еден месец, и коментираат дека не сака никој да дознае дека таа е бремена.

„Тоа не е типично за неа да објавува стари фотогографии. Нема ниту една фотографија од нејзиниот роденден: Никој не објави фотографија со неа, а на денот на роденденот таа објави стара фотографија“, коментираат тие.

Кајли ја следат повеќе од 257 милиони фанови на „Инстаграм“ и повеќето од нив мислат дека таа е бремена.

Една девојка со име Перл, објаснила дека Кајли на „Инстаграм“ објавила видео на кое има зелени нокти, додека на истиот ден на роденденот, на фотографијата таа имала бели нокти.

„Тоа е истото што го направи и минатиот пат кога беше бремена со Сторми“, додала таа.

@pearl.lolIs Kylie PREGNANT?👀 #kyliejenner #kardashians #kardashian #kutwk #popculture #celebnews

♬ Monkeys Spinning Monkeys – Kevin MacLeod

Scroll to Top