(Видео) Филмски критичари ги одбраа најдобрите филмски воведни реченици

Обично велат дека најдобриот увод во филм е добра и напната сцена. Други пак сметаат дека најдобар почеток на филм е со некоја поучна и толку силна реченица што нема да ја заборавите до крајот на филмот.

Речница толку силна што ќе се наежите уште во првите секунди. Филмски критичари по социјалните мрежи се одлучија за неколку филмови, за кои сметаат дека ги имаат најдобрите уводни реченици.

Rounders (1998)

„Слушајте, работата е ваква. Ако не можете да го препознаете лузерот на маса во првиот половина час, тогаш вие сте тој лузер“.

Trainspotting (1996)

„Избери живот. Избери работа. Избери кариера. Избери семејство. Избери еден голем телевизок. Избери машина за перење, автомобил, електричен отворач за конзерви…

The Departed (2006)

„Не сакам да бидам производ на мојата околина. Сакам околината да биде мој производ.

Patton (1970)

„Седнете. Сега сакам да запаметите дека ниту едно копиле никогаш не освоил војна умирајќи за својата земја. Го освоил така што некој друго јадно копиле умрело за својата земја“.

Goodfellas (1990)

„Откако знам за себе, знаев дека сакам да бидам гангстер“

Scroll to Top