Американската тенисерка Серена Вилијамс на својот инстаграм-профил објави видео во кое гола ја пее песната I Тouch Мyself (Се допирам себеси) од бендот „Дивинилс“. Видеото е дел од кампања против ракот на дојката и со него Серена сака да ја зголеми свесноста на жените од целиот свет во однос на оваа смртоносна болест, како и да ги натера да одат на редовни, превентивни прегледи. Во видеото, кое има преку 1 милион прегледи, таа со рацете ги покрива градите.
„Ова е месецот за свесност за ракот на дојка. Сакам да ви кажам дека мора да се проверувате постојано. Видеото ме одведе надвор од мојата удобна зона, но сакав да го направам бидејќи зашто ракот на дојката влијае на сите жени без разлика на бојата на кожата. Раното дознавање е клучно и спасува многу животи. Сакав да ги потсетам жените на тоа“, напиша Серена на „Инстаграм“.
Познатата тенисерка последниве години е голем активист во борбата против ракот на дојката.