(Видео) Гордон Ремзи проба да зборува хрватски и ги насмеа фановите

Познатиот светски готвач, Гордон Ремзи, проба да научи неколку хрватски зборови додека беше во посета на земјата. Тој на своето патување готвеше локални хрватски специјалитети, а рецептите ги учеше од локалните готвачи.

Во најавата за епизодата посветена на Хрватска, Ремзи разговара со синот на готвачот Давид Скоко и бара од него да му каже неколку збора, но новното изговарање му оди многу тешко. „Дали се сите хрватски зборови толку долги“, прашува Ремзи додека момчето му се смее што не може да каже ништо точно на хрватски.

И коментарите на социјалните мрежи се дека подобро готви отколку што зборува хрватски. „Држи се до лажицата и ножот, за јазици си тапа“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by National Geographic TV (@natgeotv)

Scroll to Top