(Видео) „Губи се одовде“, Мараја Кери има нова песна

По неколкумесечни најави за новиот материјал, Мараја Кери деновиве конечно ја промовираше песната „GTFO“, како симболична порака до поранешните момчиња – Губи се одовде!
Иако новата песна не е официјален сингл, таа претставува одличен вовед во претстојниот албум за кој 48-годишната ѕвезда рече дека е современ.
„Моите обожаватели само сакаат да ме слушнат како се изразувам себеси и да зборувам и пеам од срце. Некои од песните се лесни и забавни, а на некои навлегов мошне длабоко во поглед на стиховите. Има од сè по нешто“, објасни таа во неодамнешен разговор со списанието „Пипл“.
Првиот официјален сингл од албумот ќе го носи насловот With You и ќе излезе на 5 октомври, а повеќе детали околу претстојното издание се очекуваат наскоро.

Scroll to Top