(Видео) Хари ѝ дава знак на Меган да биде мирна за време на интонирањето на химната

Принцот Хари не ја замолкнал Меган Маркл на балконот на Бакингемската палата, туку само превртувајќи со очите, ѝ дал знак дека треба да се сврти и стои мирно за време на интонирањето на химната.

Претходно медиумите стигнаа до кратко видео од кралското семејство кое се наоѓало на балконот за време на парадата по поводод роденденот на кралицата Елизабета.

Меган се обидува да му каже нешто на Хари, додека принцот разговара со трета личност. Хари се изнервирал и се обидел да ја замолкне сопругата за да не му смета во разговорот. Меган изгледала како да плаче на видеото, пишуваа тогаш британските медиуми.

Медиумите сега се со поинаква приказна, по новото подолго видео кое излезе на социјалните мрежи. Меган неколку пати се врти кон Хари сакајќи нешто да му порача, а работите се случиле во неколку секунди.

Хари се обидел да го задржи неутралниот израз на лицето па ѝ сугерирал на Меган дека треба само да се сврти и да стои мирно додека трае химната.

Британските медиуми пишуваат дека Меган до ден денес не се снаоѓа премногу добро кога се во прашање кралските протоколи, па нејзиниот сопруг често на дискретен начин ѝ дава упатства како да се однесува.

Scroll to Top