(Видео) Хари и Меган на роденденот на принцот Чарлс

Новопечената кралска брачна двојка, војводата и војвотката од Сасекс, Хари и Меган, се појавија за првпат во јавност по нивната свадба, на 70. роденден на принцот Чарлс.

Меган и Хари се појавиле во Бакингемската палата, а на нивните лица можело да се забележат насмевки.

Војвотката се појави со светол фустан во боја на лед, чевли и шешир во иста боја.

Но, она на што многумина дадоа забелешка е венчалниот прстен кој Меган гордо го покажувала пред гостите, иако на припадниците на кралското семејство им е забрането да носат бурми.

Scroll to Top