Италијанските медиуми пишуваат дека Хју Грант ѝ го зел мобилниот телефон на непозната жена покрај која поминувал, бидејќи мислел дека е папарацо.
Британскиот актер се шетал во Рим заедно со неговата сопруга Ана Елизабет Еберштајн при што на патот им се нашла Луиса Мелара, раководител на компанијата за комунален отпад АМА.
Мелара ги снимала работниците кои фрлале градежен отпад во подрачје наменето само за отпад од домаќинствата. Во тој момент се нашла пред сопругата на Грант, а познатата двојка тоа страшно ја налутило, пишува италијанска „Република“.
Во исечокот што е објавен се слуша женски гла. А , Грант ѝ рекол: „Не стојте пред мојата сопруга”, а потоа ѝ ја грабнал камерата.
Мелара тврди дека не ги препознала актерот и неговата сопруга, и дека застанала пред нив за да не поминат пред камерата.
Како што наведува, Грант ѝ го зел мобилниот телефон, но таа пота си го зела и му рекла дека не е пристоен.
Грант се ожени за Еберстајн лани по долга врска. Тие имаат три деца.